Утрински Весник
Македонија

Двајца велосипедисти тешко повредени по судир на кеј на Вардар

Двајца велосипедисти тешко повредени по судир на кеј на Вардар

Синоќа на велосипедската патека на кејот на реката Вардар во Скопје се случила незгода помеѓу два велосипеда, едниот управуван С.А.Д.(52), а другиот од Н.К.(35), и двајцата од Скопје.

По незгодата, велосипедистите биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде на С.А.Д. ѝ биле констатирани тешки телесни, а на Н.К. телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Скопје.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Филипче да не собира политички поени врз грбот на граѓаните во Гостивар, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Тројца осомничени изведени пред судија на претходна постапка

Девојче од Кичево тешко повредено откако било удрено од коњ