Утрински Весник
Македонија

Од утре во функција новиот мобилен пункт за земање брисеви во Свети Николе

Од утре во функција новиот мобилен пункт за земање брисеви во Свети Николе

Комисијата за заразни болести одговори на барањето на Кризниот Штаб на Општина Свети Николе, да го направи подостапно земањето брисеви за граѓаните на оваа општина и соседната Општина Лозово. За таа намена ќе се користи надворешен објект во близина на подрачната единица на ЦЈЗ Велес, Свети Николе со посебен влез и патека на движење целосно одвоени од другите пациенти.

Контролните прегледи ќе се закажуваат од ЦЈЗ Велес од страна на докторите, а првичниот преглед ќе се закажува преку матичен лекар.

Главна цел на отворањето на мобилниот пункт е да се овозможи побрзо тестирање на лицата кои биле позитивни на Ковид-19, а кои веќе подолг период се во изолација поради неможноста да патуваат во другите градови. Со тоа ќе се намали и бројот на активните случаи во градот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во АРМ ќе бидат примени нови 300 професионални војници

Сиљановска Давкова: Не мислам дека треба да има предвремени избори

Проштална средба меѓу Агелер и Мицкоски