Утрински Весник
Свет

СЗО: Годишните времиња не влијаат на преносот на коронавирусот

СЗО: Годишните времиња не влијаат на преносот на коронавирусот

Годишните времиња не влијаат на развојот на пандемијата на коронавирус, соопшти денеска Светската здравствена организација и предупреди дека е погрешно да се верува дека на лето сме позаштитени.

„ Се чини дека годишните времиња не делуваат на преносот на вирусот, кој усмрти над 650.000 луѓе во светот и зарази повеќе од 16 милиони луѓе“ изјави портпаролката на организацијата, Маргарет Харис.

Како пример таа ги наведе најпогодената земја во светот, САД, каде сега е лето и втората најпогодена земја – Бразил, каде е зима.

„ Изгледа дека долго се задржа верувањето дека вирусот е сезонски, но мораме да запаметиме дека се работи за нов вирус и иако се работи за респираторен вирус, кој обично е сезонски, овој се однесува поинаку“ нагласила Харис.

Таа потсети на верувањето дека ризикот од инфекција е помал во лето и повтори дека „летото е проблем затоа што вирусот ги сака сите сезони“.

Нагласи дека комбинацијата на вирусот на грип, кој е сезонски и преовладува во зима, и новиот коронавирус е загрижувачка и може да го зголеми притисокот врз здравствените системи.

„ Препорачуваме сите да се вакцинираат против грип“, советува таа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет