Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Грција: Од утре маските задолжителни во затворен простор на голем број јавни места

Грција: Од утре маските задолжителни во затворен простор на голем број јавни места
Img 7972

Во Грција од утре ќе биде задолжително да се носи маска во затворен простор на голем број јавни места со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, изјави заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардалиас.

Пред десетина дена, здравствените власти објавија дека маските се задолжителни во супермаркетите и во јавниот превоз.

Новите мерки ќе стапат на сила утре и ќе биде неопходно да се носи маска во продавниците, канцелариите, банките и пекарниците. За сега, црквите се исклучени.

„Растот на бројот на заразени лица во Атина и Солун покажува дека вирусот е присутен. Оваа регулатива е за општо добро. Ситуацијата не смее да предизвика паника, но потребно е да се почитува“, истакна Хардалијас.

Грчкото Министерство за здравство минатата недела објави дека земјата не се соочува со друг бран на инфекција, но дека тие мора да останат будни.

Во Грција 4.227 лица се заразени со коронавирус и 202 со смртен исход.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот