Утрински Весник
Македонија

Дел од улица Босна и Херцеговина ќе биде затворен за сообраќај

Дел од улица Босна и Херцеговина ќе биде затворен за сообраќај

Град Скопје известува дека утре, 29 јули, од 06 часот до 12 часот на улица Босна и Херцеговина на потегот од крстосница со булевар Христијан Тодоровски Карпош до раскрсница со улица Кемал Сејфула и улицата Александар Урдаревски ќе се врши прекоп, поради што сообраќајот на овој потег ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

Ваквата времена измена на сообраќајот е поради реализација на активности од проектот „Втора фаза со улично осветлување од изградба, одржување и реконструкција на булеварот Босна и Херцеговина,општина Бутел“ – Скопје.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Судот ги доставил сите податоци: Македонија подготвена за екстрадиција на Никола Груевски

Полициска акција во Скопје: Еден мотоциклист лишен од слобода за безобѕирно возење

На почеток на сезоната се копа во срцето на Охрид