Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Правиме напори за формирање на ново парламентарно мнозинство

Мицкоски: Правиме напори за формирање на ново парламентарно мнозинство

Правиме напори за формирање на ново парламентарно мнозинство што ќе значи зафаќање со сериозна работа за надминување на тешката криза во која се наоѓа државата, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средбата со германската амбасадорка, Енке Холштајн.

На состанокот станало збор за актуелната политичка состојба, изборите и идните стратешки приоритети.

Мицкоски се надева на формирање на мнозинство, како што вели, врз основа на добиената доверба од граѓаните и верувајќи во принципите и вредностите кои беа елаборирани од страна на Коалицијата за обнова на Македонија.

Тој пред амбасадорката дал оценка дека изборите не биле фер и демократски бидејќи власта спровела низа прекршувања, поткупи и неправилности во текот на гласањето со што сериозно се нарушува демократскиот фундамент на изборите.

„Државата доби и сериозни забелешки за изборите нотирани од мисијата на ОБСЕ. Освен тоа што власта го осиромаши народот и ја втурна Македонија во тешка финансиска криза, спроведе организиран поткуп тежок неколку милиони евра. Со ваквото однесување се докажа дека власта прави озаконување на криминалот и корупцијата како главен супстрат на нивното делување“, рече Мицкоски.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер