Ким Кардашијан Вест отпатува во Вајоминг во понеделникот за да се сретне со проблематичниот рапер Канје Вест и да разговора за нивната брачна криза.
Видно потресена, 39-годишната ријалити ѕвезда почна да плаче додека разговараше во автомобил со сопругот кој неодамна на Твитер ја обвини за афера, а пред тоа откри детали од нивиот приватен живот кога говореше за абортус пред стотици луѓе собрани на митингот во Вајоминг.
„Таа е премногу емотивна за сè, и е исцрпена “, изјави извор за магазинот „Пипл“во понеделникот. „Таа се чувствува многу повредена од Канје. Се обидуваше да го добие на телефон неколку пати, но тој ја игнорира. Сето ова е лоша ситуација. “