Утрински Весник
Свет

Во Чешка 195 новозаразени, во Унгарија осум

Во Чешка 195 новозаразени, во Унгарија осум

Бројот на заболени од коронавирус во Чешка се зголеми во последните 24 часа за 195 лица, а во Унгарија за осум.

Вкупниот број на заразени во Чешка е 15.516, оздравеле 11.315 лица, а 3.828 се хоспитализирани или во самоизолација.

Од почетокот на пандемијата во Чешка починале 373 луѓе од компликации предизвикани од инфекција со вирусот „Ковид-19“.

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Унгарија е зголемен за осум – на 45.456, објавено е на владината веб-страница coronavirus.gov.hu.

Нема смртни случаи во последните 24 часа, така што вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 останува 596, додека закрепнале 3.331 лица, пренесува агенцијата МТИ.

Во Унгарија се активни 529 случаи на коронавирус, 76 пациенти се хоспитализирани, а шест од нив се на респиратор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме