Утрински Весник
Свет

Мачка позитивна на коронавирус, се заразила од сопствениците

Мачка позитивна на коронавирус, се заразила од сопствениците

Кај една мачка во Велика Британија е потврдена зараза со коронавирус. Управителката на ветеринарната служба, Кристин Мидлемис, изјави дека станува збор за редок случај во кој мачка е заразена со коронавирус.

Мачката била заразена од нејзините сопственици, кои биле позитивни на тестот. Во меѓувреме сите оздравеле, дури и мачката, пишува „Индипендент“.

Британскиот институт за јавно здравје препорачува граѓаните да ги мијат рацете редовно, пред и по контакт со животни.

Во сите случаи на заразени животни досега симптомите биле благи, а домашните миленици оздравеле за неколку дена. Научниците веруваат дека луѓето можат да заразат животни со вирусот, но не и обратно, бидејќи нема докази за пренесување на вирусот од животни на луѓето.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Португалија им дозволи на САД да ја користат базата „Лахес“ на Азорските Острови за време на нападите врз Иран

Сенатот не изгласа Резолуцијата за ограничување на воените овластувања на Трамп

Рубио по инцидентот со иранската ракета: Целосна поддршка за Турција