Италијанскиот тенор Андреа Бочели во понеделникот упати остра критика до италијанската влада за нејзиното постапување со коронавирусот, велејќи дека тој бил понижен од неодамнешната самоизолација и ги повика луѓето да не ги почитуваат правилата што сè уште постојат.
Неговите коментари на конференција во италијанскиот Сенат беа изненадувачки и сосема неочекувани затоа што 61-годишниот слеп оперски пејач беше симбол на национално единство во екот на пандемијата, кога на Велигден во празна катедрала во Милано пееше соло во живо. Неговиот настап во празната миланската катедрала беше насловен „Музика за надеж“.
„Се чувствував понижено и навредено. Не можев да ја напуштам куќата иако не сум сторил никакво кривично дело “, рече Бочели на конференцијата на која присуствуваа опозициски политичари, вклучувајќи го и Матео Салвини, лидер на крајно-десничарската партија Лига, која ја нападна владата на премиерот Џузепе Конте во врска со справувањето со здравствената криза.
Строгите прописи за самоизолација започнаа во почетокот на март,а беа постепено ублажувани наредните три месеци.