Утрински Весник
Свет

Ким Џонг-ун: Сега кога имаме нуклеарно оружје, нема да има повеќе војни

Ким Џонг-ун: Сега кога имаме нуклеарно оружје, нема да има повеќе војни

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, изјави дека нема да има повеќе војни, бидејќи нуклеарното оружје на земјата е гарант за нивната безбедност и иднина, и покрај надворешниот притисок и воените закани, објавија денеска државните медиуми.

Севернокорејската новинска агенција КЦНА наведува дека Ким Џонг-ун изјавата ја дал за време на одбележувањето на 67-годишнината од крајот на Корејската војна 1950/53 година.

Севернокорејскиот лидер истакна дека земјата го развила нуклеарно оружје со цел да има „апсолутна сила“ за да избегне нов вооружен конфликт.

Ким Џонг-ун го одржа говорот во време кога разговорите се стопирани, а беа покренати со цел да се уништи нуклеарната и ракетата програма на Пјонгјанг во замена за укинување на меѓународните санкции.

Водачот на Северна Кореја се состана со американскиот претседател Доналд Трамп за прв пат во 2018 година во Сингапур, што ги зајакна надежите дека преговорите ќе доведат до крај на нуклеарната закана.

Сепак, нивниот втор самит во 2019 година во Виетнам и последователните состаноци пропаднаа без договор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Чиле

Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе во Турција

Четири лица загинале, а 14 повредени во пожар во станбена зграда во Франција