Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Три милијарди животни загинале или биле раселени во пожарите во Австралија

Три милијарди животни загинале или биле раселени во пожарите во Австралија
Img 7972

Скоро три милијарди животни загинале или биле раселени за време на разорните пожари во Австралија изминатата година, тврдат научници, објави Би-би-си.

„Ова е една од најлошите катастрофи на дивиот свет во модерната историја“, соопшти Светскиот фонд за природа (WWF), кој го нарача извештајот.

Минатото лето цела Австралија беше зафатена од големи пожари во кои загинаа најмалку 33 луѓе.

Цицачи, влекачи, птици и жаби загинале во пламенот или го изгубиле живеалиштето. За време на врвот на кризата во јануари, научниците проценија дека 1,25 милијарди животни угинале само во Нов Јужен Велс и Викторија.

Но, новата проценка опфаќа поголема област. Околу 11,46 милиони хектари – област споредлива со Англија – која беше зафатена со пожарите од септември до февруари.

Професорот Крис Дикман, кој го надгледувал проектот од 10 научници од австралиските универзитети, рекол дека сè уште не можат да наведат точен број на загинати животни, но истакнал дека шансите животните да избегале од пожарите и да преживеат биле „веројатно не толку големи“ поради недостаток на храна и засолниште.

Во февруари, австралиската влада идентификуваше 113 животински видови на кои им требаше итна помош по пожарите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот

Продолжува спасувачката операција по уривањето на исламско училиште во Индонезија