Утрински Весник
Свет

(Видео) Пожари кај Подгорица, ветрот го отежнувал гаснењето

(Видео) Пожари кај Подгорица, ветрот го отежнувал гаснењето

Пожари избувнаа на повеќе локации во Подгорица доцна синоќа, а голем пожар гореше во населбата Велје Брдо.

Утрово овој пожар е локализиран, а првиот човек на Службата за заштита и спасување, Горан Јанковиќ рече дека пожарникарите излегле на теренот во Велjе Брдо и засега куќите и далноводите не се загрозени.

„Вчера, во текот на целиот ден, имавме голем пожар на Велjе Брдо, потпомогнат од силен северен ветер. Беше многу тешко да се изгасне, се формираше голем прстен на оган“, изјави Јанковиќ за РТЦГ.

Тој рече дека пожарот бил ставен под контрола и нема оштетување на објектите.

„Добро е што немавме штети на објектите или повредени лица“, рече Јанковиќ.

Паралелно со пожарот врз Велjе Брдо, синоќа гореше на уште 6 локации во градот, на подрачјето Забјела, Коника и градската општина Голубовци.

„Овие пожари беа исто така локализирани и брзата реакција спречи појава на огромни пожари“, рече првиот човек на Службата за заштита и спасување на главниот град.

Јанковиќ истакна дека пожарот во Велjе Брдо бил подметнат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп за нападите врз Украина: Му дадоа причина на Путин да влезе и да ги бомбардира

Еден загинат, 19 повредени во пожар во дом за стари лица во Шпанија

Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца