Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Фергусон му честиташе на Клоп: Ќе ти простам што ме разбуди во три и пол наутро

Фергусон му честиташе на Клоп: Ќе ти простам што ме разбуди во три и пол наутро
300x250 opst2

Менаџерот на Ливерпул е прогласен за тренер на годината во Англија. Германецот ја заслужи наградата бидејќи успеа да ја врати на „Енфилд“ титулата по пауза од 30 години.

Наградата за тренер на годината го носи името на Сер Алекс Фергусон. Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед му честиташе на клоп.

„Ја заслуши оваа награда. Партиите што ги пружаа твоите момци беа неверојатни. Ќе ти простам што ми се јави во 3.30 сабајле за да ми кажеш дека Ливерпул е шампион“, рекол во .-пораката Фергусон.

Оваа награда прв пат е доделена во 1993 година, а првиот лауреат бил токму Фергусон. Шкотот е рекордер со пет освоени награди, три има неговиот сонародник Дејвид Мојс.

Минатата година признанието го доби тренерот на Шефилд Јунајтед Крис Вајлдер.

Клоп му се јавил на Ферги во 3:30 часот наутро за да го потсети дека Ливерпул се шампиони!

> Фергусон му честиташе на Клоп: Ќе ти простам што ме разбуди во три и пол наутро <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг