Утрински Весник
Свет

Во карантин милионски град во Виетнам, земјата сѐ уште нема смртен случај од коронавирус

Во карантин милионски град во Виетнам, земјата сѐ уште нема смртен случај од коронавирус

Виетнам прогласи двонеделен карантин во третиот по големина град во земјата, откако беа откриени уште 15 случаи на коронавирус во болниците, објави владата.

Неколку пациенти и здравствени работници во болницата во Да Нанг се заразени, пишува АП.

Јавниот превоз во и надвор од Да Нанг е откажан.

За време на викендот за илјадници, претежно виетнамски туристи, заврши одморот во тоа популарно приморско одморалиште.

Властите проценија дека неколку стотици луѓе ќе бидат заробени во Да Нанг поради откажаниот превоз и побара од хотелите да им обезбедат сместување.

Во неделата, владата апелираше до луѓето да одржуваат физичка дистанца во градот со повеќе од милион жители, пишува АП.

Досега во Виетнам се регистрирани 531 случаи на ковид-19, без жртви.

Виетнам сè уште не ги отвори своите граници за туристите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп