Утрински Весник
Свет

Трамп носеше маска и најави вакцина до крајот на годината

Трамп носеше маска и најави вакцина до крајот на годината

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го смени сегашниот лежерен пристап кон инфекција со коронавирус. Тој носеше маска и разговараше за можноста за развој на вакцина против коронавирусот до крајот на годинава, додека се обидуваше да ги убеди гласачите во Северна Каролина дека добро управува со кризата предизвикана од пандемијата.

Трамп, чија популарност се намалува во последните неколку месеци затоа што многу Американци веруваат дека лошо ја менаџира здравствената криза, го смени пристапот кон вирусот.

„Верувам дека сите Американци ќе ја направат вистинската работа, но ние силно ги советуваме да се фокусираат особено на одржувањето социјална дистанца и лична хигиена, да избегнуваат масовни собири и барови и да носат маски по потреба“, рече Трамп.

Тој најави вакцина за коронавирусот до крајот на годината.

„Слушнав многу позитивни работи. До крајот на годината, мислиме дека сме на добар пат да успееме”, рече американскиот претседател, осврнувајќи се на развојот на вакцина против коронавирус.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници