Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов со еден потпис реши да ја урне Универзална сала

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов со еден потпис реши да ја урне Универзална сала

Петре Шилегов со еден потпис одлучи да ја урне Универзална сала. Најнеспособниот градоначалник на Скопје ќе ја урива салата која буди спомени на илјадници скопјани.
На само неколку дена по годишнината од скопскиот земјотрес, Шилегов приреди нов земјотрес, обвини советничката ггрупа на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Шилегов и СДСМ, кои три години ги лажат скопјани дека ќе го враќале духот на вистинското Скопје, вчера одлучија да се сруши Универзална сала, а за тоа ниту ги прашаа граѓаните, ниту стручната јавност, туку сами на своја рака ставија крај на една сала од која произлегле голем број на таленти“, се наведува во соопштението.

Симболот на Скопје, салата во која се организирани голем број на приредби, концерти и настани со кои пораснаа десетици генерации, додаваат советниците, оди во историјата со одлука на Петре Шилегов и СДСМ.

Според советниците од ВМРО-ДПМНЕ, тоа е спротивно на сите нивни ветувања во предизборните програми дека ќе ја реновираат салата и дека ќе ја подобрат нејзината функционалност.

„Петре Шилегов станува џелатот на Скопје, не само што не гради ништо ново, туку го руши и она кое некој друг го направил и го оставил на генерациите по него. Со уривањето на Универзална Шилегов го урива и еден од симболите на солидарноста, од која се изгради постземјотресно Скопје. Петре Шилегов и СДСМ само уништуваат и создаваат хаос“, се наведува во писменото соопштение.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри