Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Немири во боливиските затвори поради коронавирусот

(Видео) Немири во боливиските затвори поради коронавирусот
Img 7972

Смртта на еден затвореник, за кој постои сомнеж дека бил заразен со коронавирус, предизвика немири во четирите најголеми затвори во регионот Кочабамба во Боливија.

Затворениците бараат медицинска помош и лекови, со цел да спречат нови смртни случаи од Ковид-19, пишува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Локалните медиуми објавија фотографии и видеа на кои се гледа како затворениците се качуваат на покривите на затворот, барајќи лекови и пристап до медицинска помош.

Бранителот на правата на граѓаните во Кочабамба, Нелсон Кокс, ги повика екипите на лекарите да направат проценки за состојбата во затворот за да спречат нови смртни случаи.

Ширењето на вирусот во затворите

Кокс рече дека осум затвореници починале како последица на ковид-19 досега, предизвикувајќи загриженост за ширење на вирусот во затворите.

Властите досега пријавиле повеќе од 60 смртни случаи како резултат на инфекцијата со коронавирус во казнените домови низ цела Боливија, кои биле преполни.

Во последните неколку месеци имало повеќе смртни случаи за кои постои сомнение дека биле предизвикани од коронавирусот, но овие сомневања не се потврдени, заради скромниот капацитет за тестирање во оваа земја.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Продолжува спасувачката операција по уривањето на исламско училиште во Индонезија

Путин: Подготвен сум да го поддржам моделот на мир на Трамп за Блискиот Исток

Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови