Утрински Весник
Спорт

Хави Гарсија е нов тренер на Валенсија

Хави Гарсија е нов тренер на Валенсија

Хави Гарсија и официјално е потврден како нов тренер на Валенсија, потпишувајќи двегодишен договор со шпанскиот прволигаш.

Ова доаѓа откако газдата на клубот, Питер Лим му даде зелено светло на претседателот Анил Мурти да го ангажира поранешниот тренер на Вотфорд, откако тој импресионирал со визијата на враќање на клубот во позиција која води во Лигата на шампионите и потпирање на младата школа на тимот.

Гарсија, кој немаше ангажман од септември 2019 година, успеа да ги внесе Кадиз во првата лига во 2008/09, а четири години подоцна го направи истото со Алмерија. Потоа тој беше тренер во Малага и Рубин Казан, пред да се приклучи на Вотфорд и им обезбеди опстанок во сезоната 2018/19 и ги предводеше до финале од ФА купот. Тие го отпуштија минатиот септември по слабиот старт на сезоната, по што испаднаа во Чемпионшип.

> Хави Гарсија е нов тренер на Валенсија <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија

Зверев ќе стане светски број 1 за прв пат во кариерата

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1