Утрински Весник
Свет

Жестоки судири на границата меѓу Израел и Либан, на цивилите им е наредено да останат дома

Жестоки судири на границата меѓу Израел и Либан, на цивилите им е наредено да останат дома

Израелските сили разменија оган со екстремистите на Хезболах долж границата меѓу Либан и Израел.

На израелските цивили им е наредено да не излегуваат од дома во еден од најжестоките судири во последната година кои избија во подрачјето на таканаречената Шеба фармс, кое Израел го освои во војната во 1967 година.

Судирот се случува во време на засилена борбена подготвеност на израелската војка поради очекуваниот напад од Хезболах по убиството на еден од припадниците на оваа либанска организација во израелски воздушен напад во Сирија минатата недела.

Жителите на пограничното подрачје рекле дека израелското гранатирање траело повеќе од еден час.

Портпаролот на војската на Израел рекол дека војниците отвориле оган откако екстремисти влегле на израелска територија и дека имало пукање и од другата страна.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хамас вели дека се „подготвени“ за примирје во Газа по прекинот на огнот во Либан

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина

Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа