Утрински Весник
Македонија

Туристичките работници во среда ќе протестираат

Туристичките работници во среда ќе протестираат

Вработените во туристичкиот сектор за во среда најавија протест поради состојбата во која се наоѓаат поради коронавирусот. Организаторите велат дека се најавени повеќе од 700 учесници.

„Сведоци сте на нашата борба во изминатите пет месеци за опстојување на нашиот сектор, поради кризата со Ковид-19, како и барањата кои во повеќе наврати ги упативме кон сите надлежни институции, Министерство за економија, Министерство за финансии, со цел помош на туристичките агенции, водичи, пратители и превозници, но досега останаа неми за нашите апели и ниту еднаш не добивме никаква надеж дека воопшто ќе бидат истите разгледани“, велат вработените во туристичкиот сектор.

Протестот е најавен за во среда, 29 јули, со почеток во 16 часот. Предвидено е учесниците да се движат по одредена рута, а ќе ги пратат автобуси.

Почетокот на протестот ќе биде симболично пред Дрво Декор, местото од каде некогаш започнуваа реализациите на туристичките тури, а ќе продолжи кон Кочо Рацин, 11-ти октомври, Димитрие Чуповски, Васил Главинов, булевар ВМРО, булевар Илинден, до Владата.

„Овој протест нема никаква политичка позадина и строго се оградуваме од било каква поврзаност. Бидејќи истиот се одржува во време на пандемија, уверуваме дека ќе се придржуваме до мерките за заштита како носење на маски и дистанцирање. Само заеднички ќе успееме да се избориме за опстанок на повеќе од 5.000 вработени и повеќе од 300 агенции во целата држава“, се вели во најавата за протестот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва седница на ЦО на СДСМ, ќе се бираат членови на раководството

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација