Утрински Весник
Магазин

Кијану Ривс на виртуелна дискусија за филмот „Константин“

Кијану Ривс на виртуелна дискусија за филмот „Константин“

Во текот на виртуелна панел-дискусија, холивудскиот актер Кијану Ривс откри дека никогаш не помислувал да стане русокос или да го смени акцентот во британски за насловната улога Константин во истоимениот филм од 2005 година.

55-годишниот актер учествуваше во онлајн дискусија со режисерот Френсис Лоренс и продуцентот Акива Голдсмен за да ја обележат 15-годишнината од филмот „Costantine“ како дел од ComicCon @ Home.

Модераторот на панелот и главен и одговорен уредник на „Колидер“ Стивен Вајнтрауб во видеото објавено во саботата го праша Кијану дали станало збор за промена на бојата на косата и акцентот за да одговара на ликот oд стрипот Џон Константин, создаден од Алан Мур.

 

„Не“ кратко одговори Кијану, одмавнувајќи со главата и смеејќи се.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Мекиканец се обидел да прошверцува во Германија повеќе од 90 различни видови влекачи

Златко Муцунски се збогува со „Порше Македонија“ – Време е да свртам нова страница