Утрински Весник
Магазин

Ајрленд Болдвин го користи летото до максимум

Ајрленд Болдвин го користи летото до максимум

Атрактивната манекенка-актерка, ќерка на поранешниот холивудски пар Алек Болдвин и Ким Бесинџер, помина прекрасен ден на плажата „Ла ла ленд“ (La La Land) во Малибу, Калифорнија, со своето момче Кори Харпер, пријателите и домашното милениче, симпатичниот јазовичар.

Болдвин (24) и нејзиното момче Харпер (25) го донесоа кучето во вода на лекција за сурфање. Тие редовно одат на познатата плажа, особено кога има бранови за да сурфаат.

Расата јазовичар (Daschund) се многу популарни кај селебрити-личностите, според „Пипл“, кој наброи неколку звезди кои поседуваат вакви домашни миленичиња како на пример Кајли Џенер, комичарот Џери Сајнфилд, пејачката Адел и други.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мекиканец се обидел да прошверцува во Германија повеќе од 90 различни видови влекачи

Златко Муцунски се збогува со „Порше Македонија“ – Време е да свртам нова страница

Викенд хороскоп: На Биковите им треба мир, Вагите ги очекува важен разговор