Утрински Весник
Македонија

Се утврдуваат причините за сообраќајката кај Радовиш во која загина 38-годишен маж на мотор

Се утврдуваат причините за сообраќајката кај Радовиш во која загина 38-годишен маж на мотор

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш вчера изврши увид на регионалниот пат Радовиш-планина Плачковица, каде во сообраќајна несреќа едно лице го загуби животот.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло кога мотор марка Јамаха, управуван од едно 38-годишно лице, удрил во патничко моторно возило Фолксваген голф со кој управувал возач на возраст од 28 години. Од ударот, моторот излетал надвор од коловозот, во стрмен дол. Со итна медицинска помош моторциклистот веднаш е префрлен во штипската болница, каде им подлегнал на здобиените повреди. Возачот и двајца сопатници во голфот се здобиле со телесни повреди.

Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување на трагите пронајдени на лице место, а местото е фотографирано и скицирано. Издадена е наредба за обдукција на починатото лице, како и за анализа на примероци од крв и урина од возачот на другото возило. Дополнително, во насока на утврдување на причините за сообраќајната несреќа, по наредба на јавниот обвинител ќе се врши сообраќајно вештачење.​​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ДЗСИ нареди вонредно чистење и здравствен преглед на вработените во училиштето ,,Димо Хаџи Димов”

Андоновска: Ќе работиме цела ноќ ако треба за побрзо да излезат резултатите за труењето во Влае

Костадинова Стојчевска: Македонскиот јазик не се чува со кратење на буџетот за инспекторатот за македонски јазик