Утрински Весник
Спорт

Фуенлабрада нема да игра плеј-оф за пласман во Ла Лига

Фуенлабрада нема да игра плеј-оф за пласман во Ла Лига

Фудбалерите на Фуенлабрада останаа без можност да се борат за пласман во Ла Лига, откако челниците на натпреварувањето решија одложениот натпревар помеѓу Ла Коруња и Фуенлабрада да не биде одигран.

На Фуенлабрада од овој меч и беше потребен бод за да влезе во баражот за пласман во Ла Лига, додека Ла Коруња и со победа немаше шанси да се спаси од испаѓање.

Натпреварот требаше да се одигра на 20 јули, меѓутоа беше одложен откако Фуенлабрада објави дека 12 играчи се заразени со коронавирусот, односно дека во клубот има 29 лица кои се позитивни на вирусот Ковид-19.

Ла Лига својата одлука ја оправда со немањето термин кога би се одиграл натпреварот. Ова значи дека во баражот ќе влезе Елче, кој во последното коло ја скокна Фуенлабрада на табелата. Елче заврши со бод и натпревар повеќе од Фуенлабрада.

„Во ниту еден случај не чувствуваме одговорност за овој несреќен проблем кој настана пред последниот натпревар во Втората лига. Сметаме дека сме жртви бидејќи ни е одземена можноста да се бориме за пласман во Ла лига. Ги почитувавме сите мерки и препораки на Ла Лига, меѓутоа не успеавме да го спречиме вирусот да влезе во нашиот клуб“, стои во соопштението на Фуенлабрада.

Од Втората лига во баражот пласман изборија Сарагоса, Алемрија, Џирона и Елче. Полу-финалните натпревари на програмата се на 30 јули и 2 август, а финалниот двомеч ќе се игра на 5 и 8 август.

Претходно директен пласман во Ла лига изборија Кадиз и Уеска.

> Фуенлабрада нема да игра плеј-оф за пласман во Ла Лига <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига