Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и неговите соработници се главни рекетари

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и неговите соработници се главни рекетари

Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев ќе остане запаметена кај граѓаните како влада која направила најмногу криминал во историјата на Република Македонија, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„ Случајот Рекет е доказ дека Заев и неговите соработници го осмислувале, помагале, прикривале и иницирале криминалот. Во Рекет јавноста слушна дека милионската сума од торбата Луј Витон завршила кај Зоран и Вице Заеви. Ова го потврди и Боки 13 кој беше само извршител на рекетот.

Боки 13 јасно посочи дека за да го изврши рекетот поддршка имал и од функционери на власта. Царовска, Кирацовски се само дел од функционерите кој дале зелено светло за овој процес.

Сето ова јасно покажува и докажува дека структурата на СДСМ стои зад целиот овој случај. Граѓаните не ги заслужуваат овие погубни политики на СДСМ и Заев. Граѓаните заслужуваат многу подобро“ се вели во соопштението.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт