Утрински Весник
Спорт

Лејтон Бејнс (35) одлучи дека е крај, 13 години помина со „Карамелите“

Лејтон Бејнс (35) одлучи дека е крај, 13 години помина со „Карамелите“

По 18 години професионален фудбал, дефанзивецот Лејтон Бејнс (35) денеска објави дека ја завршува кариерата.

Бејнс 13 години го носеше дресот на Евертон, најчесто на позиција лев бек. Претходно 5 години настапуваше за тимот на Виган.

Во неговиот престој со „Карамелите“ постигна 39 гола, а имаше и 67 асистенции.

Денеска, на својот последен настап, Евертон дома загуби од „давеникот“ Борнмут со 1-3, Бејнс во игра влезе во 70 минута и веднаш ја доби капитенската лента.

Го носеше и дресот на „Гордиот Албион“ и тоа 30 пати.

„Имаше фантастична кариера и беше сјаен пример за сите играчи. Секој навивач на Евертон би требало да биде горд на него. Му понудивме да остане во клубот, наредните денови ќе одлучи“ рече менаџерот Карло Анчелоти.

> Лејтон Бејнс (35) одлучи дека е крај, 13 години помина со „Карамелите“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија