Утрински Весник
Свет

Во Хрватска 65 нови случаи на коронавирус

Вo Хрватска 57 новозаразени со коронавирус

Во изминатите 24 часа во Хрватска се евидентирани 65 нови случаи на заболени од коронавирус, а бројот на активни случаи е 855.

Од нив 142 пациенти се во болница, од кои девет се на респиратор. Три лица починале.

Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај на заболен во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 4.855 лица заразени со коронавирусот, од кои 136 починале, а 3.866 оздравеле.

Во моментов има 3.271 лица во самоизолација.

До денес, тестирани се вкупно 112.003 лица, од кои 1.489 во последните 24 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Турција 14.372 лица биле повредени при жртвување животни во првиот ден од Курбан Бајрам

Повеќе од половина од самовработените во ЕУ работат и по пензионирање

ЕУ се согласи да го зголеми времето на доцнење на летовите пред патниците да добијат надомест