Утрински Весник
Спорт

Ивановиќ се враќа во Премиерлигата?

Ивановиќ се враќа во Премиерлигата?

Иако руските медиуми пренесоа информација дека српскиот интернационалец, Бранислав Ивановиќ по заминувањето од Зенит ќе се врати во татковината, во дресот на Црвена Звезда, сепак се појави вест дека тој се враќа во Премиерлигата.

Поранешниот играч на Челси како што пренесуваат дел од медиумите, кариерата ќе ја продолжи во Евертон, кај Карло Анчелоти. Тие двајца соработуваа и во Челси, каде своевремено ја освоија двојната круна.

Со „сините“ Ивановиќ ја освои и ЛШ, ЛЕ, трипати ПЛ и по еднаш ФА куп, Лига куп и Комјунити шилд.

Во Зенит стигна во 2017 година и како капитен сезонава ги предводеше до двојната круна.

> Ивановиќ се враќа во Премиерлигата? <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона

Бабунски промаши пенал, Струга ТЛ победи во дербито на колото

Дарио Ивановски го освои 46.то место на маратонската трка на ЕП