Утрински Весник
Свет

Казна од 1.000 евра за неносење маска во Италија

Казна од 1.000 евра за неносење маска во Италија

Казна од 1.000 евра е предвидена за неносење маска во затворен простор во италијанскиот регион Кампанија.

Гувернерот ги заостри досегашните мерки по порастот на бројот на заболени од коронавирус.

Властите веќе наплатиле три казни од по 1.000 евра во три фирми во јужниот град Салерно. Меѓу нив се и еден бар и еден фризерски салон.

„Ако нашите сограѓани мислат дека проблемот е решен, значи дека за неколку недели ќе мора да ја вратиме вонредната состојба“, предупреди Винченцо де Лука, гувернерот на регионот Кампанија.

Со 5,8 милиони жители овој регион е вториот најнаселен во Италија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме

Писториус: Европа се соочува со долгорочна руска закана

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел