Утрински Весник
Спорт

На Ембид арогантноста му се удри од глава (видео)

На Ембид арогантноста му се удри од глава (видео)

Џоел Ембид е еден од најдобрите кошаркарски центри во светски рамки, но воедно и еден од играчите кои најмногу сакаат да го омаловажуваат противникот.

На тој начин, Ембид се однесуваше и на синоќешната подготвителна средба меѓу Филаделфија и Мемфис во Орландо, каде на 30 месецов се очекува рестартот на сезоната во НБА лигата.

Во една одбранбена акција, Ембид сосема сам на линијата за 3 поени го остави противничкиот центар, Јонас Валаниунас кој лесно реализираше.

Во наредниот напад, истите двајца во акција, ама во сменети улоги.

Ембид ноншалантно бие од далечина, а Литванецот му „удира банана“.

Сиксерси сепак славеа со 90-83 иако Валанчиунас имаше 20 поени и 11 скока, речиси двојно повеќе од учинокот на Ембид (10 поени и 6 скока).

> На Ембид арогантноста му се удри од глава (.) <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Скандал во Вашингтон – Шаповалов дисквалификуван поради пцовки

Швjонтек освои бронзен медал на Олимпијадата во Париз

Претседателот на МОК Даниел Димевски се сретна со Макрон