Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги прекршија сите мерки против коронавирусот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги прекршија сите мерки против коронавирусот

Лажната грижа на ВМРО-ДПМНЕ за здравјето на граѓаните веќе не поминува кај никого и затоа на изборите добија казна каква што заслужуваат, велат од СДСМ како реакција на изјавата на Весна Јаневска, која обвини дека Владата не мисли да се справи со корона-кризата бидејќи не знае како.

Меѓутоа, од СДСМ истакнуваат дека политиката едно зборувај, друго прави е веќе видена и целосно разобличена од страна на јавноста.

„Граѓаните добро видоа кој работи за заштита на јавното здравје, а кој го загрозува. ВМРО-ДПМНЕ зборува за непочитување мерки во изборна кампања, а токму таа партија и Мицкоски беа оние кои ги кршеа мерките за заштита од коронавирусот“, се наведува во партиската реакција во која се додава дека една една прес-конференција преполна со лажни факти и манипулации не може да ги прикрие фактите.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт