Утрински Весник
Свет

Италијански професор: Со нов бран на вирусот може да се соочиме веќе во август

Германски виролог: Не само втор, туку ќе има и трет бран на вирусот

Италија би можела да се соочи со нов бран на пандемијата Ковид-19 уште во август, а не како што беше најавено во септември или октомври.

На ова предупредува професорот Андреа Крисанти, микробиолог на Универзитетот во Падова.

Тој е автор на успешниот модел за ограничување на ширењето на коронавирусот, т.н. „модел Венето“, кој се состоеше од масовно тестирање на граѓаните, благодарение на што овој северен регион на Италија забележа релативно мал број заразени и мртви од Ковид-19, во споредба со соседните провинции.

Професорот Крисанти смета дека е невообичаено што во моментов Италија бележи релативно мал број заразени лица, додека ситуацијата во сите соседни земји е различна и бројот на инфицирани расте.

„Не би сакал да ширам песимизам, но имам некои дилеми. Можеби сме најдобри, но исто така е можно дека не тестираме како што треба”, предупредува професорот.

Како превенција од втор бран на заразата, тој препорачува масовно тестирање на населението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во земјотресите во Венецуела досега пронајдени најмалку 920 загинати лица, 3.300 се повредени

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот