Утрински Весник
Спорт

„Меси во Интер? Тоа не може да се случи ниту во „Фантази“

„Меси во Интер? Тоа не може да се случи ниту во „Фантази“

Тренерот на Интер Антонио Конте по победата на неговите фудбалери во Џенова (3:0) ги коментирал шпекулациите за можниот трансфер на Лионел Меси во неговиот тим.

„Гласините за трансферот на Меси се апсолутна лага. Не им верувајте на лажните вести. Нема да му се приклучи на Интер, тоа нема да се случи ниту на Фантази“, рекол Конте.

Вчера шпанските медиуми објавија дека таткото на Меси, Хорхе, купил куќа во Милано. Информацијата ја пренесоа медиумите во Италија, по што запонаа шпекулациите дека Лионел Меси би можел од Барселона да се пресели во Интер.

> „Меси во Интер? Тоа не може да се случи ниту во „Фантази“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара

Турција по 24 години повторно на Светско првенство – Косово падна со 1:0