Фудбалерот на Реал Мадрид Тони Крос изјавил дека ситуацијата во која се наоѓа Герет Бејл не е добра за ниту еден член на клубот.
Велшанецот во текот на целата сезона се наоѓа во втор план кај тренерот Зинедин Зидан, одигра 20 натпревари, на кои постигна три гола.
Минатото лето Рела во последен момент го стопираа трансферот на Бејл во Џангсу Санинг. Пропаднатиот трансфер во Кина само ги продлабочи лошите односи.
„Мислам дека и понатаму е лут поради тоа, бидејќи тој сакаше да замине. Генерално целиот случај е тежок, никој не е задоволен поради тоа“, открил Крос и дополнил.
„Јасно е дека Бејл не е донесен за да игра толку малку, но целата ситуација е чудна. Среќа е што тоа не влијае врз тимот“.
Герет Бејл има договор со Реал до 30 јуни 2022 година. Реал ќе се обиде да го продаде ова лето, меѓутоа во услови на финансика криза тешко дека ќе најде клуб кој ќе сака да му исплаќа на Бејл 17 милиони евра годишно.
> Крос: Чуден е случајот со Герет Бејл <