Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Интер се прошета низ Џенова

Интер се прошета низ Џенова
300x250 opst2

Фудбалерите на Интер забележаа победа во Џенова над истоимениот тим од 3.0 во 36 коло. Горан Пандев за Џенова играше од 70 минута.

Итер со триумфот над Џенова ја прескокна Аталанта на втората позиција на табелата во Серија А. и тоа е максимумот до кој што може да дојде сезонава. Јувентус утре против Сампдорија може да ја завери титулата.

На „Луиџи Ферарис“, Интер доминираше во првиот дел кога постигна еден гол, преку Лукаку во 34 минута.

Второто полувреме ѝ припадна на Џенова, во еден период фудбалерите на Давиде Никола силно притиснаа кон голот на Хандановиќ, а кога не успеаја да ја материјализираат таа иницијатива, Интер ги казни во финишот на мечот.

Алексис Санчез го реши прашањето на победникот во 83 минута. Чилеанецот го постигна четвртиот гол сезонава во Серија А, трет откако сезоната беше рестартирана.

Конечниот резултата го постави Лукаку во 93 минута со својот 23 гол оваа сезона.



> Интер се прошета низ Џенова <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг