Утрински Весник
Свет

Болсонаро: Добро утро на сите, негативен сум!

Болсонаро: Добро утро на сите, негативен сум!

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро соопшти дека повторно се тестирал за коронавирус и дека овојпат тестот покажал негативен резултат, пренесува АП.

Претседателот на Бразил ја објави оваа вест на „Фејсбук“, без да прецизира кога бил извршен најновиот тест. Болсонаро го направи претходниот тест во средата, кога резултатот беше позитивен по трет пат.

Тој исто така објави и своја фотографија на која во рака држи кутија хидроксихлорокин, лек против маларија кој многумина веруваат дека помага во лекувањето на Ковид-19.

Сега, откако е излечен од коронавирусот, бразилскиот претседател, најверојатно, ќе се врати меѓу луѓето, како што тоа го правеше и претходно. Тој мина многу време во близина на други луѓе од почетокот на пандемијата, понекогаш без да носи заштитна маска, а пред да се зарази честопати ја оспоруваше сериозноста на вирусот.

Бразил, земја со најголем број на жители во Јужна Америка, во моментов е едно од најголемите светски жаришта на пандемијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Полска одбележува 80 години од Варшавското востание

Едногодишно бебе ставило ТВ-кабел во уста, доживеало струен удар: Родителите во шок

Техеран: Ајатолахот Хамнеи одржа погребна молитва за лидерот на „Хамас“ Исмаил Ханија