Утрински Весник
Политички Партии
300x250 opst2

Кривична пријава за ДИК од Македонски концепт

Кривична пријава за ДИК од Македонски концепт
300x250 opst2

Партијата Македонски концепт информира дека ќе достави иницијатива до Уставен суд и кривична пријава до ЈО за ДИК, со цел, како што велат од таму, да се отвори пат за вистината за изборниот резултат.

„Скандалозното сумирање на изборниот резултат покажа дека ние живееме во контролирана демократија, во која не е важно кој гласа, туку кој брои гласови! Партиите се тие кои одлучуваат за изборниот резултат, а не граѓаните кои гласаат“, се наведува во соопштението на Македонски концепт.

Од оваа партија сметаат дека постои заговор меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, според кој тие се договориле да се констатира резултат за секоја од партиите да ја зачува својата позиција.

„Господин Заев како премиер, господин Мицкоски како лидер на опозицијата и господин Ахмети како неприкосновен лидер на македонските Албанци! Се договорија и ја завршија својата работа. ДИК и македонското судство тоа го аминуваа! Повторно, по стоти пат, констатираме судство под контрола на партиите“, реагираат од Македонски концепт од каде додаваат дека се горди бидејќи се единствените кои не се под контрола на мафијата и нејзините политички извршители.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт