Утрински Весник
Свет

Осум затвореници осудени на смртна казна починале од коронавирус во Калифорнија

Осум затвореници осудени на смртна казна починале од коронавирус во Калифорнија

Осуммината затвореници осудени на смрт, починале од коронавирус во најстариот затвор во Калифорнија, Сан Квентин. Во тој затвор биле заразени дури две третини од затворениците, пренесоа американските медиуми.

Во вторникот починал 67-годишниот Џон Бемс. За него се верува дека е осмиот затвореник осуден на смрт, кој починал од коронавирус, а ова сигурно ќе се знае по обдукцијата, пренесува АП.

Другите седуммина затвореници осудени на смртна казна во тој затвор, а кои починале поради компликации предизвикани до Ковид-19 се: Ричард Е. Ститли (71), Скот Ерскин (57), Мануел Алварез (59), Дивејн Кери (59), Џефри Ј. Хакинс (64), Дејвид Рид (60) и Трој Ешмус (58), пишува „Дејли Меил“.

717 луѓе чекаат на смртна казна во овој затвор.

Досега се пријавени 14 смртни случаи поврзани со коронавирус во затворот, а во моментот се заразени 860 затвореници. Околу 1.200 затвореници се опоравиле.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во земјотресите во Венецуела досега пронајдени најмалку 920 загинати лица, 3.300 се повредени

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот