Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Фаучи: Вакцината против Ковид-19 во САД би требало да биде достапна следната година

Фаучи: Вакцината против Ковид-19 во САД би требало да биде достапна следната година
Img 7972

Водечкиот американски стручњак за заразни болести, Ентони Фаучи изјави дека следната година ќе може да почне да се размислува за враќање на вистинската нормалност.

Фаучи смета дека вакцината против коронавирус може да биде прогласена за безбедна и ефикасна до крајот на годината, но нагласи дека не очекува таа да биде достапна за масовна употреба во САД сè до почетокот на 2021 година.

„До крајот на годинава или почетокот на следната година, треба да се знае дали вакцините против коронавирус се безбедни и ефикасни за употреба, како оние што се развиваат во САД, така и оние во другите земји“, изјави Фаучи за „Вашингтон пост“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Продолжува спасувачката операција по уривањето на исламско училиште во Индонезија

Путин: Подготвен сум да го поддржам моделот на мир на Трамп за Блискиот Исток

Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови