Утрински Весник
Македонија

Со пиштол пукал кон станот на соседите во Чаир, тие се скриле во соба и повикале полиција

Вработен во МВР станал и советник во општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Триесет и тригодишен маж со пиштол пукал кон станот на соседите во Чаир. Тие се сокриле во спалната соба и повикале полиција.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело- предизвикување општа опасност.

Осомничениот, на 24 јуни прво отишол до станот на соседите, почнал да тропа на вратата и да им зе заканува.

Потоа тој се симнал во дворот позади зградата и од таму започнал да пука кон прозорците и фасадата на станот на оштетените. За да не бидат повредени тие се скриле во спалната соба и настанот го пријавиле во полиција.

Надлежниот јавен обвинител оцени дека во конкретниот случај постои опасност од криење и бегство на осомничениот, имајќи ја предвид неговата личност, како и особени околности кои го оправдуваат стравувањето дека ќе го повтори кривичнотото дело.

„Притоа јавниот обвинител имаше предвид дека се работи за лице претходно осудувано за различен вид кривични дела, а ја ценеше и неговата настојчивост и агресивност во намерата за извршување на кривичното дело за кое што се води оваа постапка. Од тие причини до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставен е предлог за определување мерка притвор“, соопштија од Обвинителството.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Магла на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово

СДСМ: ДПМНЕ пак дели тендери, фирмата на Нефи дел од колачот вреден 3 милиони евра

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника