Утрински Весник
Спорт

„Федерер нема да се пензионира наредната година“

„Федерер нема да се пензионира наредната година“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Роџер Федерер нема да се пензионира наредната година смета неговиот тренер Северин Лути. Наредната година Швајцарецот ќе наполни 39 години поради што се шпекулира дека тој би можел да се пензионира.

Сезоната која е привремено е суспендирана поради коронавирусот Федерер ја заврши поради операција на коленото.

„Роџер го сака животот на професионален спортист. Никогаш не сум слушнал да каже дека е уморен од патувањата и сака да ја заврши кариерата“, рекол Лути.

„Не можеме да бидеме сигурни, но тој и понатаму го сака тенисот. Не размислува да се пензионира наредната година“.

Роџер Федерер ќе се врати на терените наредната година, во која главни цели ќе му бидат Вимблдон и Олимписките игри во Токио.

> „Федерер нема да се пензионира наредната година“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место