Утрински Весник
Магазин

Џорџ Клуни во преговори да режира филмска адаптација на бестселерот на Моринџер

Џорџ Клуни во преговори да режира филмска адаптација на бестселерот на Моринџер

Џорџ Клуни е актер оскаровец, сценарист и продуцент, кој брзо станува голем играч и како филмски режисер.

Ѕвездата на „Сиријана“ се подготвува за својот следен проект како режисер – филмска адаптација на автобиографијата на писателот добитник на Пулицерова награда, Ј. Р. Моринџер – познатиот бестселер од 2005 година  The Tender Bar.

Филмот ќе биде седми игран филм под режисерска палка на Клуни, вклучувајќи го и „Добра ноќ и добра среќа“ (2005), за кој беше номиниран за Оскар за најдобар режисер.

Најавата, според „Дедлајн“, доаѓа во време кога Клуни ја завршува продукцијата на филмот на стрим-платформата „Нетфликс“, The Midnight Sky, во кој тој и глуми и го режира.

Големата холивудска ѕвезда и косопственик на брендот на текила „Казамигос“ во 2018 година се најде на врвот на листата на „Форбс“ на најплатени актери во светот. „Казамигос“ во 2018 годинава заработи 700 милиони долари, на што славниот актер заработил околу 233 милиони долари, беше објавено на сајтот на магазинот „Форбс“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Тие се незаборавни, но исцрпувачки партнери: Четири знаци кои не знаат да живеат мирно

Тело какво што секој би посакал: Наташа Беквалац покажа колку е згодна

Тим од десетина професионалци, врвна опрема и артистични сцени – Лара Иванова за прв пат објавува серијал од четири нови песни и видео записи