Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Премиерлига сезона 2020/2021 – започнува на 12 септември, ќе трае до 23 мај

Премиерлига сезона 2020/2021 – започнува на 12 септември, ќе трае до 23 мај
Img 7972

Новата сезона во Премиерлигата ќе започне на 12 септември и ќе трае до 23 мај, објавено е денеска на службениот Твитер профил на Премиерлигата.

Беше јасно дека поради коронавирусот Премиерлигата ќе почне подоцна од вообичаено со оглед на тоа дека обично новите сезони започнуваа во првата половина на август.

Актуелната сезона се уште не е завршена, во недела со почеток во 17 часот започнува последното коло на сите мечеви.

Тогаш ќе се знае дефинитивно кој екипи испаѓаат од лигата, а кои ќе играат во европските натпреварувања наесен.

Единствено познато досега е дека Ливерпул е нов шампион, а дека Манчестер Сити ќе остане втор на табелата. Познато е и дека Норич веќе испадна од ПЛ.

Во борбата за опстанок се Астон Вила, Вотфорд и Борнмут, додека за пласман во Лигата на шампиони се борат Челси, Лестер и Манчестер Јунајтед.

За пласман во Лига Европа се борат Вулверхемптон и Тотенхем, но шанса за настап во второто по квалитет натпреварување во Европа ќе бара и Арсенал преку финалето на ФА купот каде противник му е Челси.

Дел од Премиерлигата од следната сезона се и Лидс Јунајтед и Вест Бромвич Албион. Третиот патник од Чемпионшип во ПЛ ќе биде познат по одигрувањето на плеј офот во кој се најдоа Брентфорд, Фулам, Кардиф и Свонси.

> Премиерлига сезона 2020/2021 – започнува на 12 септември, ќе трае до 23 мај <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН