Утрински Весник
Македонија

Почна судењето на Панчевски, одбраната бара укинување на притворот

Почна судењето на Панчевски, одбраната бара укинување на притворот

Експретседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, седна на обвинителната клупа во Велешкиот суд. Тој рече дека не го разбира обвинението и побара увид во доказите.

Неговиот адвокат, Петро Јанура по рочиштето изјави дека бараат да му биде укинат притворот Панчевски, бидејќи во предметот не постои материјален доказ, односно правосилна судска одлука на Врховен суд, Панчевски да биде разрешен од функцијата.

Адвокатот вели дека Панчевски има имунитет и не може да биде во притвор и да не се брани од слобода.

„Судот не можел да му изрече мерка притвор без одобрение на Судскиот совет“, рече Јанура кој е дециден дека притворот е незаконит. Според него, во предметот не постои материјален доказ, односно правосилна судска одлука на Врховниот суд по жалбата на Панчевски.

Сепак од Врховниот суд денеска излегоа со соопштение дека Советот за одлучување по жалба расправал по повод жалбата на Владимир Панчевски, поднесена против одлуката на Судскиот совет и против решението на советот.

„На седницата одржана на 26.06.2020 година Советот за одлучување по жалба донесе решение со кое што жалбата на жалителот ја одби како неоснована, а ја потврди одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 25.12.2019 година заведена под бр.08-22/40 од 30.12.2019 година и решението на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.08-22/4 од 17.07.2019 година“, велат од Врховниот суд.

На последното рочиште на 10 јули откако Панчевски не се појави на судењето, судијата му одреди притвор и беше распишана потерница по него. По пет дена, на 15 јули, Панчевски сам се пријавил во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Судењето против Панчевски продолжува во понеделник. Тој е обвинет за злоупотреби на АКМИС системот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме