Утрински Весник
Свет

Старица во Шведска останала гладна зашто никој во старскиот дом не зборувал шведски

Старица во Шведска останала гладна зашто никој во старскиот дом не зборувал шведски

Една постара жена во шведски старечки дом останала без јадење затоа што никој од негувателите што работеле тој ден не зборувал доволно шведски за да разбере дека е гладна, пренесува порталот за вести „Самхолснит“.

Инцидентот се случил минатата недела во општината Остерсунд, а старицата контактирала со лицето назначено за нејзин законски старател.

Таа му рекла на својот старател дека е гладна и дека побарала сендвич од персоналот, но никој не ѝ помогнал затоа што не знаат шведски. Таа му рекла и дека е загрижена бидејќи не можела да комуницира со негувателите.

Старателот се јавил во старечкиот дом и потврдил дека никој од вработените на должност во тоа време не зборувале шведски. Подоцна повикал друго одделение и дознал дека редовниот персонал не бил на работа и дека нивните места се пополнети со заменски работници. По повикот на старателот, еден работник од друг оддел што зборувал шведски јазик на крај отишол во домот и ѝ дал храна на жената.

Локалната општина посочи дека причина за инцидентот е пандемијата на коронавирус, правдајќи се дека голем дел од редовниот персонал е на боледување, но дека сите заменски работници мораат да имаат одредено ниво на познавање на шведскиот јазик.

Претходно овој месец, шведскиот Инспекторат за здравство и нега соопшти дека слабото познавање на шведскиот јазик кај персоналот во старечките домови го зголемува ризикот од инфекции и смртни случаи од коронавирусот.

Во моментов, нема барања за познавање на јазикот за работа во домови за нега на стари лица во Шведска. Но, двајца политичари од популистичката партија Шведски демократи во општината Умеа побараа јазични тестови во нивната област.

Јазичната бариера се смета за причина и за повисоките стапки на инфекција со коронавирус во жариштата во Стокхолм, кои имаат големи мигрантски заедници. Во април, беше објавено дека предградието Ринкби-Киста, озлогласено за немири и криминал, во тоа време имало најмногу заразени по жител во градот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Исламскиот проповедник во Велика Британија осуден на доживотен затвор за терористичка активност

Камала Харис започна рекламна кампања од 50 милиони долари во претседателската трка во САД

Најмалку 93 лица го загубија животот во одрони и свлечишта во Индија, 250 лица се спасени