Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Трамп: Градоначалникот на Портланд направи будала од себе излегувајќи на протестите

Трамп: Градоначалникот на Портланд направи будала од себе излегувајќи на протестите
Img 7972

Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди градоначалникот на Портланд, Тед Вилер, во четвртокот, нарекувајќи го патетичен поради неговиот обид да им изрази поддршка на демонстрантите на „Блек лајвс медр“ во Орегон, а за возврат беше исвиркан и врз него беше фрлен созлавец од страна на федералните трупи, пренесува „Њујорк пост“.

„Тој направи будала од себеси. Сакаше да биде меѓу луѓето, па влезе во толпата и тие го испратија во пеколот. Тоа беше крајот за него. Многу патетично“, изјави Трамп за „Фокс њуз“.

Вилер се проби до скалите на Центарот за правда во округот Мултомах во средата за да разговара со илјадниците демонстранти што се собираат таму скоро два месеци. Но, кога почна да зборува, толпата го исвирка извикувајќи „Фрлете му солзавец на Теди“ и „Врши си ја својата работа!“

„Ја имате мојата поддршка“, ѝ порача градоначалникот на толпата, но беше исвиркан.

Работите потоа само се влошија за Вилер. Тој беше фатен во облак од солзавец испукан од федералните трупи испратени во градот од страна на Трамп.

„Нема да лажам, навистина пече. Дишењето е тешко и можам да ви кажам дека не видов ништо што испровоцира ваква реакција,“ рече тој.

Вилер остро се спротивстави на присуството на федералните сили во градот, велејќи дека тие само го ескалираат насилството. Но, Трамп рече дека демонстрантите не ја почитуваат полицијата.

„Полицијата прави неверојатна работа“, рече тој. „Тоа е многу тешка работа. Тоа е многу опасна работа“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа

Макрон: Ја потценивме Русија – 24info.mk

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха