Утрински Весник
Свет

Кралицата скршена поради одлуката засекогаш да остане во Виндзор

Кралицата скршена поради одлуката засекогаш да остане во Виндзор

Кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг Филип, најверојатно, нема да смеат да се вратат во Бакингамската палата до крајот на животот.

Тие се преместени во замокот во Виндзор на 19 март, на самиот почеток на епидемијата, а очигледно, враќањето во палатата не е опција, пренесува „Експрес“.

Оваа информација многу ја погоди кралицата, која речиси целиот свој живот го помина во Бакингамската палата.

„Се повеќе се зборува дека кралицата нема да се врати, а дека во палатата ќе влезат Вилијам и Кејт“, изјави Кејт Тортон за телевизијата True Royalty.

Се повеќе се зборува дека кралицата сака да абдицира со цел Чарлс да го наследи престолот, но познавачите на ситуацијата во кралскиот двор ги отфрлаат ваквите тврдења.

„Ние не веруваме во тоа. Таа ќе владее сè додека не се разболи, а можеби дури и до крајот на животот“, вели кралскиот автор Том Квин.

Според упатенитеерите, кралицата била скршена поради одлуката засекогаш да остане во замокот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

УНРВА: Во северниот дел на Појасот Газа нема вода, храна и лекови

„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина

Хезболах истрела 150 ракети кон Израел