Утрински Весник
Свет

Финска воведе карантин за патниците од Австрија

Финска воведе карантин за патниците од Австрија

Поради зголемениот број на новозаразени, Австрија повторно е ставена на „црвената листа“ на некои европски земји, а Финска е првата членка на ЕУ што воведе задолжителен карантин за патниците кои доаѓаат од Австрија.

Од понеделник, Министерството за надворешни работи на Финска ја вклучи Австрија во земјите за кои веќе не е можно влегување во Финска без ограничувања.

Врз основа на таа одлука, секој што доаѓа во Финска од Австрија, мора да оди во двенеделна изолација.

Покрај Австрија, на „црвената листа“ на Финска се наоѓаат и Швајцарија и Словенија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела