Утрински Весник
Свет

Чеченскиот лидер Кадиров најавува санкции против Помпео

Чеченскиот лидер Кадиров најавува санкции против Помпео

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, на состанокот во Грозни денеска му забрани на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, да влезе во регионот, пренесува ТАСС.

На 20 јули американскиот Стејт департмент воведе визни санкции против Кадиров, неговата сопруга и ќерките.

„Го поканив господинот Помпео да ме посети, но сега пред сите велам дека немам право да го сторам тоа. Односно ја повлекувам поканата и најавувам наметнување на сите санкции што ги има регионот против него, вклучително и блокирање на сите негови сметки. Тие ми го сторија истото “, прецизира Кадиров.

Лидерот на Чеченија го изрази својот бес поради неодамнешните санкции воведени против членовите на неговото семејство.

„Ако јас сум направил кривично дело, каква врска имаат моите деца со тоа? Каде е напишано дека мажените ќерки се одговорни за гревовите на нивниот татко. Каква врска има мојата сопруга, која не е вклучена во политика или во што било, со тоа? Ова е смешно. Тие само што започнаа со својата изборна кампања “, истакна Кадиров.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во Бејрут (ВИДЕО)

Исламскиот проповедник во Велика Британија осуден на доживотен затвор за терористичка активност

Камала Харис започна рекламна кампања од 50 милиони долари во претседателската трка во САД